
Индијана Пејсерс ноќеска го победи Њујорк Никс во четвртиот натпревар од полуфиналето на НБА плејофот со 130:121.
Сега резултатот во серијата прв до четири победи е 3:1 во корист на Пејсерси.
Тајрис Халибартон забележа трипл-дабл – 32 поени, 13 скока и 15 асистенции и е најзаслужен за победата на Индијана.
Петтиот натпревар во серијата ќе се одржи на 30 мај и ќе започне во 2 часот по македонско време.