Skip to main content
Хроника

Инцидент во Ресен: Приведени две лица, повреден полицаец

05/12/2025  13:54

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Б.Р.(26) и У.Р.(54), двајцата од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.

На 26.07.2025 во Ресен, полициски службеници сопреле патничко возило „фиат” без регистарски ознаки, управувано од Б.Р., кој одбил да се легитимира, го стартувал возилото и повредил еден полициски службеник.

Подоцна, откако бил пронајден Б.Р., тој заедно со У.Р. физички и со тврди предмети нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија.