Skip to main content
Хроника

Инцидент во Прилеп: Бомба фрлиле во кафеана

13/05/2025  15:02

Вчера во 08.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека околу 03.00 часот по полноќ, две лица со тврд предмет го скршиле стаклото од предната врата на летната бавча на угостителски објект на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, сопственост на Б.С.(53) од Прилеп, по што во објектот фрлиле рачна бомба, која не експлодирала, известија од МВР.

Од страна на полициски службеници од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР бомбата била демонтирана и безбедно подигната.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, велат од полицијата.