Skip to main content
Хроника

Инцидент во Кисела Вода: Двајца скопјани се степале по недоразбирање во сообраќајот

04/04/2025  11:49

Двајца скопјани се степале по недоразбирање во сообраќајот.

– На 03.04.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходно случена сообраќајна незгода, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Б.(61) и Ш.Б.(55), двајцата од Скопје, соопштија од полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.