
Скопјанец бил нападнат од роднини на неговата девојка.
– На 25.05.2025 во 22.20 часот во СВР Скопје, С.О.(29) од село Палиград, скопско, пријавил дека околу 21.00 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од Г.А.(59) и Ф.Г., двајцата од Скопје, роднини на неговата девојка, кои притоа му го оштетиле и мобилниот телефон, стои во денешниот полициски билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.