Skip to main content
Балкан

Инцидент на српско-косовската граница: Маскирани Албанци пукале кон српски војници

16/11/2025  21:30

Маскирана група Албанци нападнала припадници на српската војска денес околу 15 часот во реонот на базата на српската војска „Дебела Глава“, дознава српски Курир.

Според неофицијални информации, вооружена група Албанци во подножјето на ридот Шоп испукала 15 истрели во правец на припадници на српската војска, а во таа прилика било погодено куче кое било во непосредна близина на патролата.

– Вооружената група избегала со шест џипови кон Косово – вели извор за Курир.