Skip to main content
Свет

Инцидент на карневал во САД: Убиени три лица, меѓу кои и бебе

16/06/2025  18:45

Три лица, меѓу кои и едно бебе, биле убиени во пукотница на карневал во Јута, САД. Полицијата соопшти дека пукањето се случило синоќа за време на „ Вестфест “ во Вест Вали Сити, предградие на Солт Лејк Сити, и дека осомничениот за пукањето е приведен, објави Ројтерс.

Полицијата се приближувала да ја разбие тепачката меѓу две групи малолетници, по што 16-годишен тинејџер извадил пиштол и отворил оган. Полицијата вратила со пукање, но не успеала да го погоди осомничениот.