
На 29.05.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, Б.Ц.(47) од Скопје пријави дека околу 12.00 часот во неговиот стан на подрачјето на Центар, по претходна расправија, нивните соседи Г.Ѓ. и М.Г. им се заканувале на него, неговиот брат Г.Ц. и К.О., а Г.Ѓ. се заканувал и со тврди предмети.
Исто така, М.Г.(69) од Скопје пријавила дека во станот на соседите околу 13.30 часот, по претходна расправија, таа и нејзиниот сопруг Ѓ.Г. биле физички нападнати од Б.Ц. и неговиот брат Г.Ц., при што едниот употребил тврд предмет.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.