Skip to main content
Македонија

Има загинати во возилото што падна во Радика

02/01/2026  20:28

Загинаа лицата кои беа во возилото кое падна во реката Радика во близина на Бигорскиот манастир.

– Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на ПМВ од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, информира АМСМ.

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, возилото се движело со поголема брзина, изгубило контрола, се лизгало неколкупати и се превртело, по што завршило во реката.