Skip to main content
Економија

Има ли крај? Становите поскапеле за 25 проценти во четвртиот квартал лани

06/01/2026  21:36

Во четвртиот квартал од минатата година недвижностите поскапеле за 25 проценти на годишно ниво, а за 3,2 проценти на месечно, покажуваат денеска објавените податоци на Народната банка.

Во претходниот, третиот квартал од минатата година, цените на недвижностите забележаа раст на годишно ниво од 25,1 процент во третиот квартал, по растот од 19, 5 проценти во првиот и од 19,9 проценти во вториот квартал.

Народната банка го објавува индексот на цени на недвижности врз основа на податоци кои се однесуваат на огласени станови за продажба на теритријата на Скопје.

Андреа Серафимовски од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија за МИА изјави дека во 2025 година се  стабилизираа цените на градежните материјали годинава  и оти годинава очекува стабилизација на продажните цени на становите.

– Очекуваме поголема понуда и се надеваме дека 2026 година ќе биде година која ќе биде запаметена како година во која понудата ќе се израмни со побарувачката. Нашите очекувања се дека ќе се гради не помалку од 2025 година во регионите во кои имаше голема трансакциска активност во годината која измина, тука пред се би ги издвоил полошкиот, пелагонискиот но и скопскиот регион, рече Серафимовски.

Последните податоци од Државниот завод за статистика  објавени за октомври лани,  покажуваат дека  од 446  одобренија за градење, 289 (64,8  проценти) се наменети за објекти од високоградба, како и дека е  предвидена изградба на 1 177  станови