Skip to main content
Свет

Илон Маск го нарече поранешниот еврокомесар Тиери Бретон „европски тиранин“

11/01/2025  15:24

Американскиот милијардер Илон Маск денеска го нарече поранешниот европски комесар за дигитализација, Французинот Тиери Бретон, европски тиранин.

MK Summit

Ова се случи за време на нова онлајн полемика меѓу двајцата во врска со поддршката на Маск за германската екстремна десница.

Кон крајот на декември, Маск во порака на Х рече дека само екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AфД) може да ја спаси Германија. Неговиот коментар предизвика жестока осуда во Европа, при што Бретон во тоа време неговата изјава ја нарече „странско мешање“.

– Човеку, американското „странско мешање“ е единствената причина поради која ти денеска не зборуваш германски или руски, одговори Маск, алудирајќи на американското истоварување во Франција за време на Втората светска војна.

Дебатата беше обновена оваа недела по интервенцијата на Бретон на телевизијата BFMTV/RMC.

– Да ја задржиме нашата ладнокрвност и да ги спроведуваме нашите закони во Европа кога тие се изложени на ризик да бидат заобиколени. Тоа го направивме во Романија и треба да го направиме во Германија ако е потребно, рече Бретон.

Маск денеска на X одговори со посочување на „неверојатната апсурдност на Тиери Бретон, тиранинот на Европа“.

Како одговор на пораката на Маск, Бретон, исто така, напиша на мрежата Х: „Тирантот на Европа. Чекај. Но не Илон Маск: ЕУ нема механизам да поништи какви било избори насекаде во ЕУ“.