Skip to main content
Свет

Илјадници протестираа во Њујорк против имиграциската политика на Трамп

11/06/2025  13:30

Илјадници луѓе синоќа маршираа низ улиците на Њујорк протестирајќи против имиграциската политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

Протестот, во кој учествуваа главно млади луѓе, дел од нив со маски, започна од плоштадот Фоли и продолжи кон Јужен Менхетен. Многу демонстранти носеа плакати со пораки како „ICE надвор од Њујорк“, критикувајќи ја федералната имиграциска полиција за зголемување на апсењата на мигранти и баратели на азил последните недели.

Ситуацијата во Њујорк засега е мирна, за разлика од Лос Анџелес, каде од петокот има судири меѓу полицијата и демонстрантите кои протестираат против насилното депортирање на нелегални имигранти.

Трамп распореди илјадници војници во Лос Анџелес против волјата на локалните власти, кои тврдат дека имаат контрола врз ситуацијата.