Skip to main content
Свет

Илјадници демонстранти во Тел Авив повикаа да се стави крај на војната во Газа и да се ослободат заложниците

10/08/2025  10:48

Илјадници луѓе синоќа излегоа на улиците на градот Тел Авив и повикаа да се стави крај на војната во Газа, два дена по одлуката на израелската влада да го заземе градот Газа на таа територија.

Демонстрантите носеа транспаренти и слики од заложници кои сè уште се држат на палестинската територија, повикувајќи ја владата да обезбеди нивно ослободување.

Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за преземање контрола врз градот Газа за понатамошно проширување на воената офанзива на Израел. Планот завчера предизвика остри критики во таа земја и во странство.

Прашан пред три дена за време на гостувањето на Фокс њуз дали Израел ќе го заземе целиот Појас Газа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече: „Планираме тоа да го направиме“.