Skip to main content
Македонија

Иконата на Пресвета Богородица Скоропослушничка од Света Гора ќе биде донесена во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“

04/04/2025  13:08

Во сабота, на 5 април 2025 година, во 16 часот, препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушничка, ќе пристигне во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ – над Побожје, на Скопска Црна Гора, информираше МПЦ-ОА.

Иконата, од манастирот Дохијар на Света Гора, ќе биде донесена од монаси од овој светогорски манастир, и монаси и верници од Скопската епархија, а ќе биде дочекана пред манастирската порта од Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со свештенство, монаштво и верен народ.

По пристигнувањето ќе биде отслужена Вечерна богослужба, а присутните ќе имаат можност да се поклонат пред чудотворната икона на Мајката Божја.