Skip to main content
Македонија

Игор Николоски назначен за заменик градоначалник на Прилеп

03/12/2025  13:42

Игор Николоски, докажан професор во Основното музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“, е именуван за новиот заменик градоначалник на Општина Прилеп.

Николоски има долгогодишно искуство како советник во Советот на Општина Прилеп, каде што активно ги застапува интересите на граѓаните. Со своето ново назначување, тој се очекува да продолжи да работи на проекти што ја подобруваат локалната заедница и условите за живот во Прилеп.