Skip to main content
Балкан

Идентификувано лицето за синоќешната лажна дојава за бомба во грчкиот Парламент

30/04/2025  11:53

Грчката полиција го идентификувала лицето кое синоќа околу 20 часот преку бројот 112 за итни случаи пријави дека е поставен бомба во грчкиот Парламент, што по проверките се потврди дека станува збор за лажна дојава, јави дописничката на МИА од Атина.

MK Summit

Според грчките медиуми, станува збор за лице од Солун со психички проблеми, кое и познато на полицијата за слични заканувачки повици.

По вчерашната дојава, како што синоќа објави МИА, припадници на Единицата за деактивирање експлозивни направи спроведе проверка на Парламентор, не беше пронајден никаков сомнителен предмет, а уште на самиот почеток процените беа дека станува збор за лажна дојава.