Skip to main content
Магазин

ИДЕА ЛАБ освои две награди на BEAM – Best of Event Awards Macedonia

06/03/2026  13:56

Агенцијата за маркетинг и односи со јавност ИДЕА ЛАБ освои две престижни признанија на овогодинешното издание на BEAM – Best of Event Awards Macedonia, потврдувајќи ја својата позиција како една од водечките агенции во индустријата за организација на настани и бренд комуникации во Македонија.

Агенцијата беше наградена со признание за најдобар ПР настан за проектот „50 години две легенди – BMW серија 3 и Влатко Стефановски“, како и за најдобар музички настан за концертниот караван „Нека трепка“ на Сара Мејс.

Покрај освоените награди, ИДЕА ЛАБ имаше и уште три значајни номинации. Проектот „Саем на книга“ беше номиниран во категоријата Најдобар експо/саем настан, „Lazarov Awards“ во категоријата Најдобар прес/ПР настан, додека церемониите на свеченото отворање и затворање на фестивалот ЕМОФ 2025 беа номинирана во категоријата Најдобар спортски настан.

Овие признанија и номинации се резултат на фокусот, посветеноста и ентузијазмот на целиот тим на Идеа Лаб, кој преку креативни концепти, внимателно планирање и врвна продукција создава настани што оставаат силен впечаток и поставуваат нови стандарди во индустријата.

BEAM (Best of Event Awards Macedonia) е професионална награда што се доделува на компании, агенции и институции за најдобрите и најквалитетните настани реализирани во изминатата година. За наградите одлучува стручно жири составено од истакнати професионалци од креативни, маркетинг, ПР и ивент агенции, продукциски куќи и компании од Македонија.

Фестивалот се организира од 2023 година и има за цел да им оддаде признание на креативните идеи и успешно реализираните настани, но и да ја потенцира и поттикне важноста на настаните како значаен дел од маркетинг стратегиите на компаниите. Воедно, БЕАМ ја слави креативноста, уникатноста, иновативноста и посветената работа на сите актери во индустријата за организација на настани.

ИДЕА ЛАБ е наградена и признаена како партнер на Superbrands за 2015/2016 година за македонска територија, а е и партнерска агенција на PROI Worldwide од 2021 година, глобална мрежа на комуникациски агенции. Агенцијата во 2025 година стана и партнер на GEA – Алијанса за родова еднаквост.