Skip to main content
Спорт

Ибрахимовиќ: Најдобар фудбалер на сите времиња е Роналдо!

07/01/2026  19:38

Ибрахимовиќ, поранешниот напаѓач на Барселона, Манчестер Јунајтед и Милан, изјави дека за него најдобар фудбалер на сите времиња е Роналдо. Смета дека има одлични фудбалери, но за него тој е број еден.

„Кога тој играше немаше Инстаграм или Јутјуб. Одев во библиотека, барав видеа, се криев за да ги гледам неговите дриблинзи и движења. Сакав да ги научам тие трикови. Некако, благодарение на Мухамед Али и Роналдо, го развив својот стил. Го гледав Мухамед Али на телевизија, која тогаш беше црно-бела. Го гледав како зборуваше, како се однесуваше. Не беше арогантен. Како дете, веднаш сакав да знам кој е тој. Си реков: „Сакам да бидам како него, но во фудбалот“, вели тој.