Skip to main content
Свет

ИАТА: Потребни се неколку месеци за резервите со керозин да се вратат во нормала

08/04/2026  17:14

Ќе бидат потребни неколку месеци за воздухопловниот сектор да се врати на нормални резерви на керозин и пониски цени на јаглеводородите, дури и ако Ормуска Теснина биде трајно отворена, предупреди денеска генералниот директор на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА). Вили Волш.

– Мислам дека ќе бидат потребни уште неколку месеци за да се вратиме на неопходното ниво на снабдување, со оглед на нарушените рафинериски капацитети на Блиски Исток, што е критична алка во глобалното снабдување со рафинирани производи, посочи Волш на конференција во Сингапур.

Тој додаде дека најавата за двонеделен прекин на огнот помеѓу САД и Иран и очекуваното отворање на Ормуска Теснина, цените на нафтата се намалија за повеќе од 15 проценти, но оти ќе бидат потребни месеци да се вратат на посакуваното ниво.

– Не мислам дека тоа ќе се случи за неколку недели. Воздушниот сообраќај е сектор кој може да биде профитабилен дури и со високи цени на нафтата. Проблем е краткорочната реакција на брзото зголемување на цената, наведе Волш.