Skip to main content
Забава

И Влатко Лозаноски искористен во измама – Неговото име се користи во лажна реклама за лекови

10/01/2025  21:23

Како голем број на јавни личности досега и поп пејачот Влатко Лозаноски – Лозано стана цел на измама откако неговото име лажно се поврзува со реклама за одреден лек за болест.

MK Summit

Овој пат во измислената статија се пишува за тоа како Лозано бил во инвалидска количка поради уништени зглобови. Во написот се вели дека тој се жалел на болки на последните снимања, а за тоа бил дури до Израел… секако сето тоа е лага и повторно лажно се нуди лек кој како што велат не може да се најде во аптеките.

Пејачот преку социјалните мрежи се огласи и изведти дека се работиза лажна вест, па така граѓаните во никој случај не треба да наседнуваат на вакви “лекови”.