Skip to main content
Македонија

И таткото на Фросина со обвинувања кон “Кој е следен” – Дното е пробиено

28/03/2025  11:21

И таткото на трагично загинатата Фросина Кулакова, Тодор, остро реагира на обидот да се искористи нивната голема тага и смртта на неговата ќерка, од страна на иницијативата „Кој е следен“, за што претходно објава на Фејсбук имаше неговата ќерка Росица.

„КОЈ Е СЛЕДЕН” – продолжение на бедата на она што со години го живееме и растурениот систем на вредности…

Политички глодари, политички некрофили…
И дното е пробиено…

Како семејство секогаш најостро ќе реагираме кога некој ќе се обиде да ја искористи нашата тага и смртта на ДЕТЕТО АНГЕЛ – ФРОСИНЧЕ.

Исто и ќе бараме начин како институционално да си преземат одговорност и да одговараат за вакви злодела, манипулации…“, напиша тој на Фејсбук.