![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/meteoalarm.mk-8-1.png)
Метео анализа на Славчо Попоски:
Продолжува периодот на ладно време, особено во ноќните и во утринските часови, и тоа поради влијанието на ладната воздушна маса која продира од источните и од североисточните предели на Европскиот Континент, и истата е сува, што значи дека и понатаму пред нас е сув студ без снежни врнежи.
Наутро температурите речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени. Меѓутоа, особено во Беровскиот регион, планинските места, секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри температурата ќе се спушта до околу, па и под -10 степени.
Преку ден таа ќе се искачува во интервалот од 3 до 9/10 степени. Времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност.
Што се однесува до температурата во Скопскиот регион, таа наутро ќе се спушта во интервалот помеѓу -5 и -2 степени, а максималната дневна ќе се искачува во интервалот помеѓу 6 и 7 степени.