Skip to main content
Свет

И Канада размислува да испрати војници на Гренланд

19/01/2026  19:40

Канада размислува дали да испрати мал контингент војници во Гренланд за да учествуваат во воени вежби на НАТО, изјави денес извор запознаен со ова прашање. Воените претставници ги презентираа плановите за операцијата до владата и чекаат одлука од премиерот Марк Карни, изјави изворот, кој побара анонимност поради чувствителноста на прашањето.

Премиерот не сака да му се налути на Трамп

Канцеларијата на Карни одби да коментира за извештајот. Заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд претставуваат предизвик за Карни, кој сака да покаже солидарност со европските сојузници без да го антагонизира Трамп.

„Загрижени сме поради оваа ескалација, дозволете ми да бидам апсолутно јасен. Секогаш ќе го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите, каде и да се“, изјави Карни за новинарите во Доха во неделата.