Skip to main content
Скопје

И Град Скопје поднесе пријава против ЈП „Комунална хигиена“

26/09/2025  11:02

Град Скопје се приклучи кон кривичната пријава на Општина Аеродром поднесе кривична пријава против Јулијана Спироска претседател на Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена” за загрозување на животната средина

Од Град Скопје во пријавата наведуваат дека во периодот од 2022 година до денес, било констатирано дека поради активности на Јулијана Спировска од ВМРО ДПМНЕ, претседателка на Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена” – Скопје, претпријатието континуирано не ја спроведува својата основна дејност, односно одржување на хигиената на подрачјето на град Скопје.

Град Скопје поднесе кривична пријава против Јулијана Спировска од ВМРО ДПМНЕ, претседателка на Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена” – Скопје за загрозување на животната средина бидејќи поради неа и нејзините политички мотивирани опструкции повеќе од 3 години претпријатието е нефункционално.

Од Град Скопје информираат дека за целата состојба Град Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривична пријава против Јулијана Спировска од ВМРО ДПМНЕ, претседателка на Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена” – Скопје за загрозување на животната средина.

„Ова не е само прашање на отпад, ова е прашање на достоинство, здравје и иднина, а за истото баш и е гајле на Јулијана Спировска од ВМРО ДПМНЕ, претседателка на Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена” – Скопје велат од градот.