Skip to main content
Свет

Хутите се закануваат дека ќе нападнат американски бродови ако Вашингтон се вклучи во израелските напади врз Иран

21/06/2025  19:33

Јеменските Хути ќе нападнат американски бродови во Црвеното Море ако Вашингтон се вклучи во израелските напади врз Иран, изјави денеска воениот портпарол на Хутите.

САД и Хутите договорија прекин на огнот на почетокот на мај, по американското бомбардирање на позициите на таа група во Јемен.

Американската војска на 15 март почна голема офанзива против Хутите поврзани со Иран и го предупреди Техеран веднаш да ја прекине поддршката за групата, која САД ја означи како терористичка.