Skip to main content
Македонија

Хуман гест: Османи му притрча на помош на велосипедист удрен од автомобил (видео)

06/09/2025  16:56

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се нашол на лице место по сообраќајна несреќа во Скопје и му помогнал на повреден велосипедист кој бил удрен од автомобил.

Инцидентот се случил во попладневните часови, во близина или поточно на раскрсницата кај Мавровка. Османи веднаш пријде да му помогне на велосипедистот и се погрижи за него додека пристигне медицинска помош.

Очевидци раскажуваат дека неговата реакција била навремена и човечка, а гестот на кандидатот за градоначалник на Чаир беше поздравен од присутните граѓани.