Skip to main content
Магазин

Хулигани фрлија пудинг врз витрината со кралската круна во Лондонската кула

06/12/2025  15:40

Популарната туристичка дестинација и поранешен затвор, Лондонската кула (Tower of London), денеска е делумно затворена откако хулигани ја оштетија витрината со кралски накит, соопшти полицијата.

Четворица хулигани фрлиле пудинг кон витрината со Кралската државна круна.

Во соопштението на полицијата се додава дека четири лица се уапсени под сомневање за кривично дело нанесување штета и оти се приведени, а изложбениот дел со накитот во Кулата е затворен.

Одговорноста за нападот ја презеде групата „Take Back Power“ (Врати ја моќта), која се опишува како „ненасилна“ и се залага „за граѓански отпор“.

Кралската државна круна е познат симбол на монархијата и ја носеше кралот кога ја напуштил Вестминстерската опатија на денот на неговото крунисување во 2023 година.

Надвор од крунисувањата, бесценетата работна круна се користи само за формални прилики, како што е Државното отворање на Парламентот. Кога не се користи за церемонијални прилики, таа се чува во Куќата на накитот (Jewel House) во Лондонската кула.

Првично била изработена во 1937 година за крунисувањето на Џорџ Шести и на неа има 2.868 дијаманти, 17 сафири, 11 смарагди, 4 рубини и 269 бисери. Тежи над еден килограм.