Skip to main content
Балкан

Хрватскиот инспекторат повлекува лак за нокти произведен во Полска

13/02/2025  11:36

Државниот инспекторат во Хрватска ги советува потрошувачите да престанат да го користат лакот за нокти „Babe Rich“, пренесуваат хрватските медиуми.

Лакот произведен во Полска, според Инспекторатот, претставува хемиски ризик бидејќи содржи забранети материи.

Дистрибутер во Хрватска е Рич Компани д.о.о. во Загреб, а Инспекторатот забранил пуштање на производот во промет и наредил уништување на производот.