
Хрватските царински службеници, во соработка со полицијата на граничниот премин Карасовиќ, на границата со Босна и Херцеговина, спречиле обид за шверц на голема сума пари.
-Кај албански државјанин на излез од Хрватска, во повеќе делови од автомобилот што го управувал откриени се 702.435 евра. Парите се запленети за време на засилениот надзор спроведен од страна на службениците на Службата за борба против шверц и мобилните единици Дубровник, заедно со службениците на Полициската управа Дубровник-Неретва, објави Ора њуз.
Возачот не ги пријавил парите и на таков начин не ја исполнил законската обврска. Целата пронајдена количина е конфискувана, а осомничениот возач е уапсен под сомнение за сторено кривично дело и му е одредена мерка притвор.
Албанскиот државјанин не ја исполнил својата законска обврска да ги пријави парите на Царинската управа или на Граничната полиција, ниту писмено ниту електронски.
Запленета сума пари е најголема до сега на споменатиот премин.