Skip to main content
Балкан

Хрватска се приклучува на меѓународната коалиција за обезбедување дронови за Украина

06/09/2025  18:29

Хрватска планира да се приклучи на меѓународната Коалиција за дронови предводена од Летонија и Велика Британија, чија цел е безбедна набавка на беспилотни летала и поддршка на Украина, соопшти хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.

Радман, кој е во официјална посета на Рига, истакна дека Хрватска и Летонија споделуваат слична историја и се добри партнери, со простор за унапредување на соработката.

Коалицијата за дронови, основана во февруари 2023 година, има цел да обезбеди предност за Украина преку стабилни испораки на беспилотни летала и развој на западното производство.

Во неа веќе членуваат Велика Британија, Летонија, Украина и низа земји од ЕУ и НАТО, како и Австралија, Канада и Нов Зеланд.