
Ракометарите на Хрватска многу тешко стигнаа до првата победа на Европското првенство. На стартот ја совладаа Грузија со 32:29, откако ривалот водеше во поголемиот дел од натпреварот.
Во првото полувреме Грузија имаше и водство од шест разлика (12:6), но хрватските ракометари сепак ја запишаа првата победа. Ова беше првиот дуел во групата Е, додека во вечерниот термин играат Шведска и Холандија, а дуелот го судат македонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
На другите дуели од денешната програма Шпанија ја оствари втората победа со триумфот над Австрија со 30:25 (група А), додека Франција на „наполни мрежата“ на Украина и ја совлада со 46:26 за втор триумф (Ц група)
Во вечерниот термин се играат уште два дуела: Чешка – Норвешка (Ц група) и Србија – Германија (А група).

