Skip to main content
Ракомет

Хрватите ги забранија знамињата со Сонцето од Вергина во сала на претстојното Светско првенство во ракомет

14/01/2025  14:28

Хрватската ракометна федерација го објави кодексот на однесување на навивачите што ќе бидат присутни во Пореч, Вараждин и Загреб на натпреварите од Светското првенство.

Повеќе од 1.000 македонски навивачи се најавени за трите меча на нашата репрезентација во „Вараждин Арена“, а организаторот и полицијата објавија дека само официјалните знамиња ќе може да се внесуваат во салата.

Максималната димензија на знамињата треба да биде 2 x 1,5 метри, и не треба им попречуваат на другите гледачи во следењето на натпреварите.

Листата на предмети забранети за внесување во салите за време на натпреварите може да ја најдете ТУКА, додека деталите за внесувањето на знамињата може да ги прочитате ТУКА.

Македонија е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а првиот меч го играме утре против Унгарците од 20:30 часот.

Извор: 24 ракомет