Skip to main content
Македонија

Христоски: Реализиравме над 90% од програмата, за новиот мандат највувам капитален проект во секое населено место во Крушево

31/10/2025  09:21

„Крушево е важно, Крушево е на сите и го чувствуваме како симбол на државата”, истакна кандидадот за градоначалник на Крушево од СДСМ Томе Христоски во разговор за „Тема на денот” на Сител телевизија ги повика сите сограѓани во недела на втори номеври да излезат на гласање и покрај сите притисоци од централната власт.

„Ова е референдумско изјаснување на сите наши сограѓани каде сакаат да го гледаат Крушево во наредниот период, во минатото, во апатија, запоседнато, запоставено или во иднината, прогресот и развојот”, истакна Христоски, кој со оглед на големото водство од првиот круг, очекува убедлива победа во револуционерно, но и слободарско Крушево.

Христоски нагласи дека во изминатите осум години локалната власт, која ја предводи искрено се посвети не само на Крушево, туку и на сите населени места во општината, со разумно и домаќинско трошење на парите на граѓаните.

„Се посветивме искрено на горливи прашања и потреби на сите наши сограѓани, изградивме, саниравме, реконструиравме околу 50 километри локални и регионални патишта во и околу Крушево и покрај тоа што го поврзавме градот со сите населени места во општината и регионалните патишта со соседните општини сега овој период сакаме да решаваме суштински проблеми внатре во Крушево и во секое населено место, рече Христоски, најавувајќи најмалку по еден капитален проект во секое населено место во општина Крушево.

Христоски нагласи дека над 90 % од проектите од неговата програма се реализирани, а има започнати проекти, кои треба да се завршат.

„Во тек се топ 5 проекти, кои ќе имплементираат во наредните 5 години. Пред една недела го потишав договорот за прекугранична соработка со Албанија, заедно ЕУ, со кој ќе изградиме ново полетиште, кое ќе донесе плус импут врз локалната економија, Крушево ќе го почувствува вистинскиот инвестициски бум и во поглед на туристи, каде и досега рушиме рекорди со посетеност, но и ќе се направи подобра економија. Ќе изградиме огромен парк на Гумење, пумпната станица после 40-тина година комплетно ќе ја реконструираме со нови мотори, пумпи, нова инсталација, за да се намалат трошоците, изградба на обиколница околу Крушево за тешките товарни возила да не поминуваат низ централното градско подрачје, каде што не само загадуваат, туку и се прави сообраќаен метеж во централното градско подрачје”, истакна Христоски.

Тој најави интегрирано управување на отпад со примарна и секундарна селекција на отпадот во општина Крушево, како и проширување и зголемување на бројот на паркинг места, поради големиот број на туристи.

„Крушево се гради, се изградија доста патишта, канализациони, водоводни системи, инфраструктура, спортска инфраструктура, денес има светски, европски првенства во Крушево, меѓународни настани. Крушево беше прогласено за град на културата, пред 2 недели е прогласено за „зелена дестинација”, рече Христоски, додавајќи дека со општинскиот буџет од околу 120.000 евра, кои главно се трошат на проектна документација, во Крушево во изминатите осум години се слеаја милиони и милиони евра претежно донации и грантови, разумно користени за капитални проекти во интерес на граѓаните.

„Секогаш има простор за повеќе, работевме разумно онака како што граѓаните бараа, решивме горливи проблеми на сите наши сограѓани, да речеме водоснабдувањето, инфраструктурата, Крушевчани газеа буквално во кал до колена. Во некои населени места немаше водовод. Тие работи ги направивме, сега треба да се надградува, унапредува, со текот на времето Крушево ќе го добие вистинскиот сјај, гарантирам дека Крушево ќе биде вистински симбол на државата, порача кандидадот за градоначалник на Крушево од СДСМ Томе Христоски во разговор за „Тема на денот” на Сител телевизија.