Skip to main content
Македонија

Хоспитализирани пет пожарникари и осум вработени во Макпрогес

07/09/2025  15:02

Министерството за здравство информира дека по пожарот кој вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогес“ во Виница, хоспитализирани се:

едно лице (пожарникарка) во ЈЗУ Клиничка болница – Штип,

четири лица (пожарникари) во Општата болница во Кочани,

осум лица (вработени во фабриката) на ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје.

Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба.

Вкупно осумнаесет лица биле примени синоќа во кочанската Општа болница со повреди здобиени во пожарот што избувна вчера доцна попладне во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница.

Пожарот во фабриката за кандирани производи и вафли во Виница избувна вчеравечер во 18,40 часот, во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8, а во неговото гаснење покрај од ТППЕ на Виница беа вклучени и против пожарните единици од неколку соседни општини.