Skip to main content
Магазин

Хороскопски знаци кои веруваат во љубов и после болно раскинување

14/04/2025  20:25

Дали сте подготвени да направите храбар чекор – повторно да се вљубите, дури и откако еднаш (или неколку пати) ви било скршено срцето?

Луѓето родени под овие два хороскопски знаци ја играле таа игра и преживеале. Сè уште веруваат во љубов – со малку повеќе претпазливост, но со иста сила на срцето.

Рак

Ракот ќе ви прости се – и пораките што сте заборавиле да ги испратите, и лагите што „морате да ги кажете“, но и фактот дека не сте забележале дека молчел бидејќи го боли.

Тој ќе најде оправдување за вас дури и кога веќе и вие го немате. Затоа што Ракот верува дека вистинската љубов бара трпение, разбирање и простување.

Но, ако го изневерите, измамите или го згазите на истото место неговото срце, тој повеќе нема да ви каже ништо, туку само ќе се повлече. И не, тој не глуми. Вие веќе не сте опција. Не вика, не се заканува, само нема враќање. Кога Ракот ќе ја затвори вратата, тивок е, но засекогаш.

Риба

Рибите се вечни идеалисти. Тие веруваат во сродни души, љубовни знаци во универзумот и песни кои „само ги опишуваат“. Ако ги повредите, тие ќе се скршат во тишина – ќе напишат стихови што никогаш нема да ви ги покажат и ќе плачат под туш додека сите други мислат дека пеат.

Но, сепак ќе веруваат дека некаде има некој што нема да ја направи истата грешка. Рибите сакаат повторно, сонуваат повторно , даваат повеќе отколку што имаат.