
Некои луѓе се однесуваат како да се родени со невидлив оклоп – не се плашат од предизвици, не се колебаат пред неизвесноста и често се првите кои се впуштаат во она што другите само го замислуваат.
Без разлика дали станува збор за скокање со падобран, започнување сопствен бизнис или искрено признавање на своите чувства, овие поединци се познати по тоа што не знаат за страв.
Хороскопските знаци во кои се раѓаат најхрабрите луѓе се следните:
Овен
Овните се вистинските пионери на Зодијакот. Нивната природна енергија, самодоверба и импулсивност ги тераат да дејствуваат веднаш, без да размислуваат премногу за последиците.
Стравот едноставно не е опција, а ако е, Овенот ќе го надмине со одлучност и волја за победа.
Стрелец
За Стрелец светот е едно големо игралиште полно со можности.
Нивниот немирен дух и љубовта кон непознатото ги прави отпорни на стравот – особено на стравот што доаѓа од неизвесноста.
Тие повеќе би сакале да се фрлат во непознатото отколку да бидат робови на рутината. Стрелците веруваат во среќа, искуство и внатрешна сила, што им дава слобода да не се плашат од неуспех.
Лав
Лавовите се родени лидери, што значи дека не покажуваат страв. Тие не се плашат да преземат одговорност или да застанат пред публика.
Нивната самодоверба е заразна и веруваат во сопствената сила до тој степен што се чини дека нивниот страв им припаѓа на другите, а не на нив. Лавовите знаат дека ако паднат, ќе се издигнат двојно посилно.
Скорпија
Иако се познати по својот интензитет и мистерија, Скорпиите не знаат да се плашат кога се во прашање емоциите, загубите или големите промени.
Тие зрачат со внатрешна сила и способност да ги издржат и најтешките ситуации. Скорпиите не се плашат да се соочат со вистината, дури и кога е болна.