
Сите сакаме одредена доза на слобода, но некои луѓе имаат исклучително силна потреба за независност и донесување сопствени одлуки. За нив, несаканите совети, наредби или мешање во нивните планови предизвикуваат фрустрација, отпор, па дури и прекин во комуникацијата. Не им е гајле дали добро мислите – доволно е чувството дека некој им ја одзема контролата за да ги натера да се затворат или оддалечат. Според астрологијата, на овие три знаци им е најтешко кога другите се обидуваат да им кажат што да прават.
Овен
Овните се природно независни, решителни и сакаат да бидат лидери – дури и кога никој не побарал лидерство. Имаат силна потреба се да прават на свој начин и ретко бараат совет. Кога некој почнува да им наметнува правила или се обидува да ги насочи, тие речиси инстинктивно се движат во спротивна насока. Нивниот темперамент не може да толерира авторитет што самите не го избрале. Во нивниот свет, секој обид за контрола се доживува како личен напад.
Стрелец
Стрелците ја ценат слободата пред се друго и тешко поднесуваат какви било ограничувања. Не сакаат да бидат ставени во калап или кога некој се обидува да им го диктира темпото или насоката. Дури и ако советот е корисен, ако го сфатат како наметнат, веројатно ќе го игнорираат. Нивната потреба за независност е често поврзана со нивната љубопитност и потреба да истражуваат со нивно темпо. Кога некој ќе им каже што да прават, тие се чувствуваат ограничени и погрешно разбрани.
Водолија
Водолиите се познати по тоа што размислуваат надвор од рамката и ги следат сопствените правила – често дури и пред да станат популарни. Нивниот отпор кон авторитетот на другите луѓе произлегува од верувањето дека никој подобро од нив не знае што е добро за нивниот живот. Кога некој ќе се обиде да ги насочи, тие најчесто автоматски ќе заземат спротивен став, дури и ако потајно се согласуваат со предлогот. Водолиите не можат да го поднесат чувството дека некој им ја одзема автономијата – дури и ако тоа е само мала работа.