Skip to main content
Хроника

Холанѓани со дрон ја снимале касарната Илинден

06/04/2026  14:16

На 05.04.2026 во 23:05 часот во Скопје, поточно во близина на касарна Илинден, од страната на Аквадуктот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.В.Д.Б.(50) и Ј.Л.(63), двајцата од Холандија, по претходна пријава дека неовластено извршиле снимање со дрон, кој им бил одземен заедно со други предмети.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.