Skip to main content
Свет

Холандската полиција бара забрана за огномет поради пораст на нападите со експлозив

25/02/2025  11:35

Поради зголемениот број експлозивни напади врз домови и деловни објекти во Холандија, тројца началници на полицијата бараат национална забрана за огномет.

Според нив, нелегалните огномети, како популарните „Кобри“, се лесно достапни преку групите на Телеграм, што ја отежнува контролата, пишува Ен-Ел Тајмс.

Исто така, складирањето и транспортот на овие експлозиви претставуваат сериозен безбедносен ризик.