
Холандската либерално-прогресивна партија Д66 оствари тесна победа на општите избори во средата, а нејзиниот 38-годишен лидер Роб Јетен е на добар пат да стане најмладиот и прв геј деклариран премиер во историјата на земјата, објави „Гардијан“.
Според информациите, антиимиграциската и антиисламска Партија за слобода (ПВВ) на Герт Вилдерс повеќе нема шанси за победа. 31.10.2025
Јетен ја прогласи изборната победа- десничарите за малку поразени, тој ќе биде новиот премиер.
„Ви благодарам на сите за довербата. Ние сме најголемата партија во Холандија! Сега ќе почнеме да работиме за сите Холанѓани“, напиша Јетен.
Сите водечки партии веќе ја отфрлија можноста за коалиција со Вилдерс.
Јетен ги повика сите водечки партии да се обединат:
,,Гласачите јасно ја покажаа потребата од соработка.Сакаме да најдеме мнозинство кое ќе работи напорно за решавање на прашања како што се пазарот на домување, миграцијата, климата и економијата“, рече Јетен.

