Skip to main content
Македонија

Хирург Арсенков: 3Д технологијата многу помага и драстично ја олеснува работата при операции

12/01/2025  21:28

Во најновата епизода на поткаст ЗРАК со д-р Марина, абдоминалниот хирург доктор Стефан Арсенков се осврна на новите технологии во медицината, кои значително им помгаат на докторите при поставување на дијагнозата, но и при оператувните зафати.

Арсенков се осврна на 3Д моделирањето и неговата употреба во операции на различни видови органи.

„3Д лум е нова технологија која создава модели на одредени органи кои треба да се оперираат. Кога ќе креираме 3Д модел и идеална реплика на анатомијата на пациентот и кога тој модел не само што ќе го видиме туку и ќе го фатиме, ќе го допреме, нивото на разбирање е неспоредливо. И тоа многу помага при изведување на операциите. Првата операција е на фрактура на потколеница. Почнавме со моделирање на коска затоа што беше полесно отколку да креираме модел на меко ткиво. Тоа беше неверојатно, д-р Бектеши ја работеше таа интервенција и по завршувањето на операцијата тој беше воодушевен и завршил 40 минути порано од планираното. По некој месец влегов и јас во сала да оперирам, сфатив дека колегата воопшто не преувеличува. Многу е драстична разликата да оперираш пациент, чија што анатомија си ја запознал претходно“ рече Арсенков, додавајќи дека оваа технологија во Македонија во следниот период ќе се применува уште помасовно.