Skip to main content
Македонија

Херојски чин во трагедијата: Андреј од ДНК повторно влегол во огнот за да спасува деца

16/03/2025  14:44

Панчо, со изгореници на лицето и рацете, е хоспитализиран на Клиниката за пластична хирургија, додека Андреј сè уште не е лоциран. Според извори блиски до семејствата на членовите на бендот, има и починати, но не се откриваат повеќе информации.

Сведоци тврдат дека Андреј последен пат бил виден како повторно влегува во дискотеката за да спасува деца, додека пожарот брзо се ширел низ објектот. Според првичните информации што ги сподели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, пожарот бил предизвикан од пиротехнички средства користени како светлосен ефект во затворен простор.

Последните официјални податоци покажуваат дека во трагичниот пожар што избувна утрово во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Досега се идентификувани 35 од загинатите, од кои 31 се од Кочани и 4 од Штип.