Skip to main content
Македонија

Херојска акција во Стенковец: Д-р Виктор Груев и тимот на ЈП Лајка спасија над 30 кучиња од пожар

09/07/2025  19:52

Докторот по ветеринарна медицина Виктор Груев денеска покажа што значи вистинска храброст и човечност. Во координација со два тима и две возила од ЈП „Лајка“, тој успеа да спаси повеќе од 30 кучиња од пансионот во Стенковец, кој бил зафатен од пожар сведочат за 24инфо.

Огнот брзо се ширел, а од видеоснимките се гледа дека пансионот веќе почнал да се руши под налетот на пламените јазици. И покрај опасноста, тимот успеал навреме да ги ослободи сите животни.

Во близина на пансионот имало и штала со крави, кои исто така се спасени благодарение на брзата реакција.

Граѓаните изразуваат огромна благодарност до доктор Груев и до храбрите луѓе од ЈП Лајка, кои со својата пожртвуваност и големи срца спречија трагедија.