Skip to main content
Македонија

Херојот Јован Костадинов кој спаси 20 деца денес беше пречекан со аплаузи од соучениците

25/03/2025  09:30

Деветнаесетгодишното момче-херој, Јован Костадинов од Виница, кој успеал да спаси дваесетина животи за време на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска беше пречекан со огромен аплауз во Гимназијата Ванчо Прќе во Виница.

Граѓаните во многу објави на социјалните мрежи му се заблагодаруваат на Јован, за кого велат дека е „тивкиот херој“ на драмата што ја зави цела Македонија во црно, му се восхитуваат и ги повикуваат властите да му доделат орден за храброст.

Мајка на едно од децата кои Јован ги спасил јавно му се заблагодари на младиот херој:

„Тој беше надвор за време на пожарот, успеа да најде вода во близина, ја натопи маицата што ја стави преку лицето и без двоумење влезе внатре низ страничната соба за да ги спаси луѓето“, се вели во една од објавите на социјалните мрежи.

Во продолжение погледнете го видеото на Angels FM 106.4