Skip to main content
Македонија

Херојот Јован Костадинов е во добра состојба, за неколку дена ќе биде пуштен од болница

21/03/2025  17:05

Деветнаесетгодишниот херој Јован Костадинов од Виница кој без размислување неколку пати влегол во големиот пожар во Кочани и успеал да спаси повеќе од 20 деца, за 24Инфо вели дека е во добра здравствена состојба. Се уште се наоѓа на скопските клиники, но очекува за неколку дена да биде пуштен на домашно лекување.

Вели она што го видел не може да се опише со зборови, па ќе му треба време додека да може да зборува за целата трагедија. Вели: Ги гледаш другарите и другарките како умираат во раце, а не можеш ништо да направиш, ги вадиш само од чадот…

Според очевидците тој за среќа брзо размислувал и откако претходно ја натопил маицата со вода, ја ставил на лицето да се заштити од огнот и тргнал во херојскиот подвиг.

Граѓаните веќе бараат тој и да биде одликуван од државава за својот херојски чин!

Н.Ј.