
Иван Кукуновски е во стабилна состојба и згрижен на Клиниката за токсикологија во Скопје, откако вчера се задушил од чад за време на гаснењето на големиот пожар во Чучер Сандево изјави за 24 инфо таткото на Иван, Јовица Кукуновски.

Младиот Иван бил дел од екипите кои повеќе од 24 часа се бореа со огнената стихија во ридско-планинскиот предел над населеното место, каде што пожарот се закануваше.

Неговиот татко, Јовица Кукуновски, за 24Инфо изјави:
„По 24-часовната борба со огнената стихија, мојата борба како родител продолжува на друг фронт со мојата прва радост. Го победивме огнот, ќе го победиме и ова, сине Иване.“