Skip to main content
Македонија

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран

08/07/2025  20:59

Денеска (08.07.2025) во попладневните часови хеликоптерот бел 412 беше повикан за гасење пожар во реонот на Дојран. Притоа во 22 налети беа исфрлени преку 30 тони вода.

Поради ноќните услови хеликоптерот се повлече во базата, информираат од МВР.

Инаку, во реонот на Дојран со денови беснее пожар кој се прошири на два крака и зафати голема површина на шума и ниска вегетација.