Skip to main content
Балкан

Хаос во Тирана: Судија застрелан во судница додека изрекувал пресуда

06/10/2025  19:21

Во Апелациониот суд во Тирана денеска се случи трагичен инцидент кога судијата Астрит Калаја беше смртно застрелан додека ја извршуваше својата работа. Тој беше пренесен во клиниката за трауматологија во Тирана, но кратко потоа подлегна на повредите.

Напаѓачот, Ѓан Шкемби, испукал три куршуми во судијата веднаш штом почнал да ја чита одлуката во својот случај. Во инцидентот биле ранети и две други лица, татко и син, кои се надвор од животна опасност.

Судијата Калаја водел спор за сопственост на поранешна училишна зграда во Скадар, каде што живееле 31 семејство. Семејствата тужеле дека Шкемби со фалсификувани документи станал сопственик и ги принудувал да го напуштат објектот.

Се истражува како сторителот успеал да мине низ неколку безбедносни проверки и метал детектори пред да изврши нападот.