Skip to main content
Балкан

Хаос во Белград: судири меѓу демонстранти и полиција, солзавец и оклопни возила на улиците

16/08/2025  00:23

Во Белград вечерва избувнаа тензии меѓу демонстрантите и полицијата, при што најхаотично е во центарот на градот. На улиците се запалени и превртени контејнери, има густ чад и се користат пиротехнички средства.

Судирите започнале нешто по 22 часот, кога група од демонстрантите се обидела да го пробие полицискиот кордон. Полицијата возвратила со солзавец за да ја растера толпата, а според дел од медиумите, биле употребени и топовски удари.

На местото на протестите има засилено полициско присуство со оклопни возила. Атмосферата во центарот на Белград е напната, а нередите продолжуваат и доцна во ноќта.

„Не сме вреќа за удирање“, „Србија е во Ваљево, а гневот е во нас“, „Ги теравте децата да клечат, затоа народот ќе се крене“ – се дел од пораките кои ги испраќаат демонстрантите.

Протестите не се ограничени само на Белград – тие се одржуваат во повеќе од 20 градови низ Србија. Во последните два дена ескалацијата резултира со десетици повредени граѓани и полицајци.