Skip to main content
Македонија

Хаос од паркирани возила во Дебар Маало – пожарникарите не можеа да интервенираат

12/01/2026  23:54

Спој или преголем напон на електричната мрежа предизвика пожар на улична бандера во Дебар Маало, во близина на Бир гарден на улицата „Дебарца“. Настанот предизвика вознемиреност кај жителите и минувачите.

Очевидци за 24инфо велат дека противпожарната екипа пристигнала за многу кратко време по пријавата. Благодарение на брзата интервенција, пожарот бил ставен под контрола и спречено било негово проширување.

Сепак, интервенцијата била отежната поради хаосот од непрописно паркирани возила, кои го блокирале пристапот до опожареното место.

Причините за настанот се дополнително ќе се утврдуваат од надлежните служби.

ЛИНК до видео